Како да го прикриете мешето?

Стомакот може лесно да се сокрие, а во тоа ќе ви помогне вашата гардероба и нашите совети како да ја искомбинирате.

 

Избегнувајте тесни маички

Ако сакате да го прикриете стомакот, тесните маички сигурно нема да ви помогнат во тоа. Изберете ги оние кои се пресечени под градите, а и оние кои ќе ги нагласат вашите гради.

 

Избегнувајте панталони со џебови
Панталоните кои се тесни во пределот на колковите, а широки во долниот дел не се најдобар избор. Одлучете се за панталони со страничен патент и избегнувајте големи истакнати џебови.

 

Удобно сако
Без разлика дали сте се одлучиле за сако или џемпер, важно е тие да не бидат кратки и да не ве стегаат, а со самото тоа нема да се истакнува вашиот стомак.

 

Материјали
Фустаните, особено оние изработени од полиестер или ликра, дополнително го нагласуваат стомакот. Затоа комбинацијата здолниште и маичка е секогаш најдобар избор.

 

Аксесоари
Модните детали може да ви бидат најголем сојузник. Одвлечете го вниманието од стомакот носејќи марама околу вратот или голема, впечатлива чанта на рамо.

 

Поврзани статии:

6 Парчиња што мора да ги имате оваа зима

 

 

 

Џемпери за секоја пригода

 

 

 

Zara фустани за оваа зимска сезона

Пронајдете не на следниве мрежи: