Шишки – тренд во Холивуд кој доаѓа и кај нас

 

Голем број холивудски девојки кои сакаа да направат промена но не и да го сменат својот препознатлив стил се решија за шишки за оваа сезона, Тие набрзо станаа вистински хит. Ако сметате дека е време за промена, следете го нивниот пример.

 

Шишките се вистинско освежување, а должината на вашата коса останува иста. Иделано!

 

Хрватската ѕвезда Северина, откако ја раскина свршувачката со Милан Поповиќ и остана самохрана мајка, реши да направи промена во стајлингот. Откако во јавноста протекоа информации дека Милан ја изневерувал и сега има нова девојка, таа се појави во Хрватска со нова фризура. Ретки шишки, во малдешки, детски стил. Помешани со нејзиниот сексипил се добитна комбинација.

 

Бијонсе не успеа да одолее на овој тренд. Таа го зачини својот изглед со густи шишки инспирирани од 90те години на минатиот век. 

 

За ваков чекор се одлучија и Наоми Кембел и Џесика Бил. Актерката Бил веќе некое време е маѓепсана од овој изглед. Нејзината фризура за неодамнешната венчавка се состоеше од шишки исчешлани на страна. 

 

Поврзани статии:

Најдобри зимски фризури

 

 

 

 

5 фризури кои секогаш ќе бидат во тренд

 

 

 

Фризури на стариот Холивуд

Пронајдете не на следниве мрежи: