Топ 20 чипкасти фустани за сезона есен/зима 2012/2013

Loading...

Раѓањето и појавата на чипката започнува од крајот на 15-от и почетокот на 16-от век, за време на ренесансата во Европа.

Како причина за појавата на ова ново парче материјал се надведува потрагата на нов едноставен, но сепак прекрасен и единствен материјал од кој би се изработувале тогашните најпрекрасни фустани.

Чипката е темел на модата, во секоја прилика би имале можност да ја видите, некогаш повеќе, немогаш помалку, но сепак секогаш тука. Така би било и за оваа сезона на есен/зима во која по којзнае кој пат успеа да биде поттик за креативност, за разноразните модни детали како и најпрекрасните фустани изработени од неа.

Мали, црни, симетрични и асиметрични, со ракави и без ракави, со кожа и без кожа, кратки или долги, отмени и сексапилни. Фустани наменети за сите типови на девојки и пригоди.  

Mango во својот избор ви ја нуди целовкупната лепеза на чипкасти фустани кои би ви биле најдобриот избор за вашите ноќни забави.

Zara која е секогаш подискретна со својот избор и секогаш елегантни креации, ви нуди избор на дискрени парчиња чипкани фустани наменети за различни прилики, а во истата патека би биле и Bershka заедно со H&M  кои ќе ве освојат со своите романтични креации.

Во прилог погледнете ја галеријата на топ 20-те чипкасти фустани за сезона 2012/2013.

 

Погледнете ги следниве статии

 Како да го прикриете мешето?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  Елегантни фустани од Mango, вистинскиот избор за оваа зима

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Џемпери за секоја пригода

loading...
Loading...