Белата боја е основа на секој женски плакар, носејќи нежност, елегантност и софистицираност. Поради својот нежен тон, осетливост и светол карактер, белата боја често се карактеризира како пролетна односно летна боја.
Но всушност, многу светски имиња ја користат токму оваа боја за да го разбија есенското сивило. Белата боја им прилега добро речиси на сите и е лесна за комбинирање.
Пораката од светската модна елита за оваа сезона кога во прашање е белата боја е да ја користите што е можно повеќе, во сите нијанси, од бисерна и шампањ до кремаста и беж боја. Похрабрите слободно можат да се облечат во бело, од глава до петици.
Но за оние кои нема да се одлучат за ваков чекор, доволно е да додадат бел капут или уште подбро бело сако на својата комбинација, кое секогаш е лесно за носење и комбинирање а може да се искористи и за пролет.
Покрај белото сако и капут, вашата зимска приказна во бела боја можете да ја продолжите со плетени џемпери во бела боја, искомбинирани со бел џинс или пак бел фустан со дебели хулахопки и изразито високи потпетици. Исто така, секогаш можете да играте на картата – црно бела комбинација – која е непогрешлива, како и да правите разни комбинации со бела кошула.
Не смеете да ги заборавите и додатоците, кои секако се во бела боја, како на пример, ракавици, шал, марама и шешир. Со нив оди, природен тен, со нагласена уста и образи.
Поврзани статии:
Барокот – тренд за оваа есен и зима
Како да го носите вашиот накит
Најубавите креации од Париската модна недела
Пронајдете не на следниве мрежи: