Ви претставувавме 6 дизајнерски чанти кои низ текот на годините претрпеа многу имитации. Но овие чанти никогаш нема да го изгубат својот шарм и вредност. Инвестирањето во некоја ваква чанта е полн погодок. Погледнете ги:
BIRKIN – Популарната Биркинка, oд брендот Хермес е еден од оние класични дизајнерски примероци за кои секоја модно освестена жена сонува!
CHANEL 2.55 FLAP – Постои ли некој на кој не му се допаѓа ваквиот класичен модел на чанта? Таа е истовремено одлична за дневни, а и за вечерни варијанти. Од друга страна пак, колку што е класична толку е и гламурозна.
“LADY” DIOR – Покојната Лејди Ди послужила како инспирација за овој модел на чанта. Отмена, женствена, шармантна и со мала доза на провокативност. Оваа чанта во потполност го претставува сето она по кое принцезата од Велс е запаметена.
LOUIS VUITTON “ALMA” – Овој отмен модел на чанта е доволно класичен, за оваа чанта да може да биде и дневна и вечерна, а истовремено и модел кој може да се носи на работа. Името го добила по големиот париски плоштад “Place de l’Alma”, кој се наоѓа на крајот на Авенијата Монтањ.
MARC JACOBS “STAM” – Класичен облик, мека кожа, гламурозен златен детал и ретро копчиња – е ова е модел кој дефинитивно заслужи да се најде на оваа листа. Сјајните златни детали и даваат доза на гламур на оваа чанта, а притоа не ја прават премногу нападна или невкусна.
MULBERRY “ALEXA” – Alexa e веројатно една од најпопуларните дневни чанти. Без разлика каков стил преферирате, овој модел можете добро да го искомбинирате со својот изглед. Оваа чанта е една од оние кои одлично се вклопуваат со чизми, балетанки, па и удобни потпетици.
Поврзани статии:
Чанти кои би сакале да ги имате по секоја цена
Koлекција на чанти од Stradivarius
6 Парчиња што мора да ги имате оваа зима
Пронајдете не на следниве мрежи: