Безвременски чанти кои никогаш нема да излезат од мода

Loading...

Ви претставувавме 6 дизајнерски чанти кои низ текот на годините претрпеа многу имитации. Но овие чанти никогаш нема да го изгубат својот шарм и вредност. Инвестирањето во некоја ваква чанта е полн погодок. Погледнете ги:

BIRKIN – Популарната Биркинка, oд брендот Хермес е еден од оние класични дизајнерски примероци за кои секоја модно освестена жена сонува!

 

CHANEL 2.55 FLAP – Постои ли некој на кој не му се допаѓа ваквиот класичен модел на чанта? Таа е истовремено одлична за дневни, а и за вечерни варијанти. Од друга страна пак, колку што е класична толку е и гламурозна.

 

“LADY” DIOR – Покојната Лејди Ди послужила како инспирација за овој модел на чанта. Отмена, женствена, шармантна и со мала доза на провокативност. Оваа чанта во потполност го претставува сето она по кое принцезата од Велс е запаметена.

 

LOUIS VUITTON “ALMA” – Овој отмен модел на чанта е доволно класичен, за оваа чанта да може да биде и дневна и вечерна, а истовремено и модел кој може да се носи на работа. Името го добила по големиот париски плоштад “Place de l’Alma”, кој се наоѓа на крајот на Авенијата Монтањ.

 

MARC JACOBS “STAM” – Класичен облик, мека кожа, гламурозен златен детал и ретро копчиња – е ова е модел кој дефинитивно заслужи да се најде на оваа листа. Сјајните златни детали и даваат доза на гламур на оваа чанта, а притоа не ја прават премногу нападна или невкусна.

 

MULBERRY “ALEXA” – Alexa e веројатно една од најпопуларните дневни чанти. Без разлика каков стил преферирате, овој модел можете добро да го искомбинирате со својот изглед. Оваа чанта е една од оние кои одлично се вклопуваат со чизми, балетанки, па и удобни потпетици.

 

 

Поврзани статии:

Чанти кои би сакале да ги имате по секоја цена

 

Koлекција на чанти од Stradivarius

 

6 Парчиња што мора да ги имате оваа зима

loading...
Loading...