7 невообичаени примени на дрвената лажица!

Многу кујнски предмети го промениле својот изглед во текот на годините . Меѓутоа дрвената лажица има ист изглед, па оние кои ги користеле нашите баби не се разликуваат од лажиците кои ние денес ги користиме.Можеби изгледот останал ист, но дрвената лажица има и други намени. Еве неколку примери.
– Во случај кога сакате да пуштите пареата за време на готвењето да излегува од тенџерето, помеѓу тенџерето и капакот ставете дрвена лажица.
СУПЕР ТРИК: Како побрзо да испразните шише со вода – Прочитајте ТУКА
– Ако подготвувате пецива во калап за мафини и потребно е тестото да го притиснете во длабнатините, можете тоа да го направите со дршката на дрвената лажица. Нормално можете истото да го направите и со прстите, но можно е ноктите да остават траги, а и зошто да си ги валкате рацете без потреба?
– Со дршката од дрвената лажица може да проверите дали маслото доволно се загреало. Само натопете го крајот од дрвената лажица во маслото. Ако околу него се создаваат меурчиња, маслото е спремно.
– Со дрвена лажица можете да ја држите вратата од рерната подоторена во текот на печењето на јадењето.

 

– Дршката на дрвената лажица може лесно да измери колку течност испарила за време на готвењето. На пример, ако во рецептот пишува дека јадењето се вари додека течноста не испари, тоа ќе го измерите така што со дршката од лажицата на почетокот ќе ја измерите количината на течноста и таму ќе ставите гумичка или ќе означите на некој др начин. Колку течност испарила проерете со помош на дрвената лажица споредувајќи со почетната забележана течност.
Кулинарски трикови за секоја домаќинка – Прочитајте на следниот ЛИНК
– Овој корисен кујнски прибор може да ви биде од помош и за време на готвењето јадење, пената да не се пролие преку тенџерето, или млекото да не претече.
– Ако правите домашни тестенини, дршката од дрвената лажица е одлично место за сушење на лентите тестенини. Само истурете брашно врз неа и наредете ја тестенината.
*Најдобри рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав живот, диети и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МКМожеби изгледот останал ист, но дрвената лажица има и други намени. Еве неколку примери.
– Во случај кога сакате да пуштите пареата за врем

Пронајдете не на следниве мрежи: