Цената на нафтата се намали на 108 долари

Цената на нафтата се намали во петокот, при што една страна кон надолен тренд влијае  неизвесноста во врска со растот на светската економија, но од друга страна кон нагорен тренд притиска загриженоста за снабдувањето во поглед на растот на светската економија.

На лондонската берза барел сирова нафта денеска се продава по 108,19 долари, а на американската берза се тргуваше по цена од 85,37 долари.
Во четвртокот пред затворањето на лондонската берза за испораки во декември се тргуваше по цена од 110,98 долари, што е за 1,37 долари повеќе во однос на претходниот ден.
Во петокот меѓу инвеститорите преовладуваше загриженоста дека арапските производители на нафта би можеле да бидат вовлечени во евентуален израелско-палестински судир, што би влијаело врз снабдувањето со нафта.
Поради немирите на Блискиот исток вчера многу посилно пораснаа цените на нафтата на лондонската берза во однос на американската, каде влијаат низа други фактори, како што е залихата на нафта, прогнозите за слаб раст на побарувачката и можната фискална криза
„Глобалната економија има потешкотии, но воедно постојано јакнат и геополитичките напнатости, особено на Блискиот исток. Тоа значи статус кво за нафтените пазари извесно време“, вели Џонатан Барат од аналитичар од Сиднеј.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: