Синдикатите ја спасуваат шведската авионска компанија САС од банкрот

Претставници на Scandinavian Airlines се сретнаа со претставници на седум од осум синдикати доцна во неделата со кои потпишаа нов колективен договор со цел да се спаси компанијата од банкрот.

Синдикатите склучија договор со шведските и норвешките претставници на екипите од пилотските кабини, како и со синдикатот на пилотите од Норвешка, Данска и Шведска, информира портпаролот на САС Елизабет Манци.
Роберт Густафсон, претседател на Шведската пилотска асоцијација, смета дека договорот е тежок за пилотите.
„Направивме голема жртва. Во принцип, се најдовме со САС на сите полиња, плата, пензија и вработување“, вели тој за агенцијата ТТ.
Дел од договорот значи дека шведските пилоти ќе изгубат една месечна плата на годишно ниво, а ќе им бидат зголемени работните часови.
Густафсон инстакна дека и другите работодавци ќе направат слични жртви, а според него, шведските пилоти попуштиле колку што можеле.
Норвешките пилоти се сложиле да работат повеќе, за 30 отсто помала плата.
На членовите на екипажите нема да им се намалат платите, но преговорите за платите се одложени за две години. Тие исто така, се сложиле да работат повеќе часа.
Синдикатите треба да потпишат договори и со екипажите на Данска, со кои се уште се разговара.
Преговорите се дел од состаноците поради кризата што почнаа во петокот попладне и имаа краен рок до полноќ во недела, но сепак, продолжија и во понеделникот утрото.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: