Отпис на грчкиот долг само во екстремен случај

Loading...

Владите на 17 држави членки на еврозоната би можеле да го отпишат делот од долгот на Грција „само во екстремни околности“, изјави во понеделникот шефот на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), Клаус Реглинг.

Тој во интервју за германскиот дневен весник „Ханделсблат“ истакна дека апелите за дополнителен отпис на грчкиот државен долг помно ќе бидат испитани
„Мошне е необично јавни инвеститорите да отпишуваат долгови. Тоа се случува само во екстремни ситуации,“ изјави Редлинг.
Приватните инвеститори на почетокот на годината отпишаа добар дел од вреднсота на грчките обврзници во нивен посед, во рамки на вториот пакет меќународна помош на официјална Атина. Од друга страна, сопстениците на грчките обврзници од таканаречениот јавне сектор, вклучително и сотанатите членки на еврозоната, досега беа поштедени од барањето да спроведат отпис на дел од долгот.
Реглинг наведе дека, без огед на тоа дали ќе и биде одобрен отпис на дел од долгот, Грција во наредните десет години ќе треба да го намали за третина својот јавен долг, благодарение на екстремно ниските трошоци на задолжување од 1,5 до два отсто од фондот за спас.

Макфакс

loading...
Loading...