Европа праќа луѓе на Месечината – ќе се придружува на проектот на САД

Европа има намера да се придружи на САД во испраќањето на вселенски брод со човечки екипаж на Месечината, а Британците се надеваат дека британски астронаут пред крајот на оваа деценија ќе одлета во длабоката вселена. Британскиот весник Guardian пишува дека за изградбата на вселенскиот брод Orion, кој би носел екипаж од 4 луѓе, ќе се разговара оваа недела во Италија на министерскиот состанок на 20те членки на Европската Вселенска Агенција. Доколку предлогот биде прифатен, тоа ќе биде прв пат Европа да се вклучи во изградба и лансирање на вселенски брод со човечки екипаж. 

“Европјаните ќе добијат шанса да праќаат мажи и жени во вселената” – рече Jean Jacques Dordain, кој се наоѓа на чело на Европската Вселенска Агенција, притоа нагласувајќи за колку голем напредок се работи. 

Меѓу европските кандидати кои би можеле да полетаат со новиот вселенски брод ќе биде и британскиот астронаут Tim Peake. Peake е инаку воен пилот, а бил избран пред 3 години. Тој е еден од 6-те нови европски астронаути кои од тогаш се на обука во Германија. 

Капсулата Orion со која астронаутите би требало да полетаат е дизајнирана да одржува услови за живот во период од 6 месеци. Луѓето со оваа капсула можат да патуваат на Месечината, па дури и на Марс. 

Пронајдете не на следниве мрежи: