Поминаа 27 години од првиот Windows

Поминаа 27 години откако на пазарот се појави првата верзија на оперативниот систем за компјутери на “Microsoft” – “Windows 1.0”. Оваа компанија со работата на оперативните системи за компјутери, односно на софтверот кој ќе ги поврзува хардверот и програмите, започнала уште на почетокот на 80-тите. Првиот ваков софтвер е наречен “MS-DOS-Microsoft Disk Operating System.”

Со оглед на тоа што тогашните корисници не го разбирале тој систем, затоа што за управување со истиот морале да користат шифрирани команди,оваа компанија започнала со развој на новиот оперативен систем кој денес сите ние го знаеме – “Windows”. Интересно е да се знае дека планот не бил системот да го носи името кое го има денес, туку тогаш се викал “Interface Manager”. 

“Windows 1.0” конечно е издаден на 20ти ноември 1985 година, а останатото е историја. Со овој систем започнаа да се користат “прозорците”, се појавија неколку програми за пишување, боење, имаше калкулатор, игри итн. 

Интересно е дека “Microsoft” лиценцирал неколку елементи од “Macintosh”, оперативниот систем на “Apple”. Поради кршењето на одредени лиценци во втората верзија на “Windows”, овие 2 компании имале правен спор. 

Веќе 27 години овој оперативен систем доминира со пазарот на компјутери, а со последната верзија која е изградена со целосна поддршка за уреди со екрани чувствителни на допир, “Microsoft” се надева дека ќе завладее и со овој дел од пазарот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: