Добиваат на лото секој пат кога ќе им се роди бебе!

Џенет Окснес, мајка од Норвешка, е вистинска среќничка. Имено, нејзиното семејство добива на лото секој пат кога таа ќе добие бебе. Оваа мајка има 3 деца, и по секое нејзино пораѓање, нејзиното семејство освојувало шокантно големи суми на лото. 

Нејзиниот брат Торд (18) добил 2.2 милиони долари овој викенд, а тоа е само еден месец откако Џенет го добила третото дете. Пред три години, нејзиниот татко освоил 749.000 долари, само ден по раѓањето на нејзиното второ дете. Сестрата на Торд, Хеџ Џенет Окснес (26) во 2010 година на лото добила 1.4 милиони долари. 

“Ова е лудо, ние воопшто не играме игри на среќа толку често. Мојот сопруг мисли дека сега имаме доволно пари, не ни требаат повеќе деца.” – рекла Џенет и додала дека и таа се сложува. 

Од добиените пари, семејството купило нови автомобили, но најголемиот дел од парите ги оставило во банка. 

Пронајдете не на следниве мрежи: