Арапите плаќаат по 5.500 евра за бркови!

Бројот на мажи од Блискиот Исток кои одат кај естетски хирург за да им бидат всадени бркови по цена од 5.500 евра драстично расте во последните 5 години. Брковите се отсекогаш ценети на Блискиот Исток како симбол на мажественост, мудрост и зрелост, па ретко кој Арап го нема овој украс на своето лице. 

Францускиот хирург Пјер Буана вели дека мнозинството од неговите пациенти доаѓа од Обединетите Арапски Емирати, Иран, Либан и Турција. 

“Пациентите кои доаѓаат кај мене сметаат дека нивните бркови не се доволно добри. Некои сакаат да имаат бркови како некои славни личности.” – рекол Буана, а додал и дека месечно изведува по околу 60 вакви операции. 

Пронајдете не на следниве мрежи: