Ова е најмалото јајце од кокошка на светот!

Пол Реј (52) од Хамшоу на североистокот на Англија, тврди дека една од неговите кокошки го снесла најмалото јајце на светот. Јајцето тежи само 5 грама, а димензиите му се 2,5 односно 2 центиметри. Кога го видел, Пол веднаш го земал јајцето и отишол да им се пофали на пријателите во локалниот паб. 

Луѓето од пабот му советувале да стапи во контакт со луѓе од Гинисовата Книга на Рекорди, во која како досегашен рекордер стоеше јајце тешко 7,3 грама. 

Пол инаку некогаш бил готвач на нафтените платформи, а во последните неколку години со сопругата живее во мирното англиско место, каде одгледува домашни животни и изнајмува соби на туристи кои доаѓаат во неговото мало село. 

За своите кокошки вели дека се сосема нормални, и дека до сега носеле сосема нормални јајца. 

Пронајдете не на следниве мрежи: