Се опоравува од леукемија која ја “превземало” нејзиното куче

Се до неодамна, малата Дариа Палот (15) од Полска се борела со тешка болест. Таа заболела од леукемија, поради што некое време минала врзана за болнички кревет, а во четири наврати била и на хемотерапија.Но, лошата здравствена ситуација потполно неочекувано и брзо се подобрила, а нејзиното семејство е уверено дека за тоа е заслужно нивното куче, германскиот овчар Голди. Мајката на Дариа, Силвија (37) изјавила дека истовремено со хоспитализацијата на Дариа, Голди се разболел. На кучето во наредните неколку месеци му било се полошо, а состојбата на Дариа започнала да се подобрува. 

Ветеринарите наскоро треба да го оперираат Голди, после што ќе биде јасно дали има надеж дека кучето ќе преживее. “Како Голди да ја превзема болеста од нашата ќерка. Некому тоа ќе му изгледа како глупост, но ние сме уверени дека е така.” – изјавила Силвија. 

Иако на Дариа и е подобро, патот до нејзиното комплетно закрепнување е долг. Но, сега таа веќе не е во болница и едвај чека да се врати на волонтирање на засолништето за напуштени кучиња, а кај неа е голема и желбата да помага на други деца со тешки болести, од кои дел запознала на одделот за онкологија во болница во Краков. 

Пронајдете не на следниве мрежи: