9 популарни процедури за убавина што козметичарите никогаш не би ги направиле на себе

Салоните за убавина нудат безброј козметички процедури. Ви ветуваат дека ќе се ослободите од брчките, кожата ќе ви сјае и дека ќе ви ги подигнат градите без операции. Но дали овие процедури се навистина толку безбедни? Во продолжение погледнете кои се процедурите што се всушност ви прават повеќе штета отколку добро.
1. Трајна шминка


Трајната шминка е всушност тетоважа. Како и кај обичните тетоважи, некои пациенти можат да се соочат со неочекувани ефекти како отекување, воспаленија и лузни.
2. Зголемување на усните


Еден од најголемите недостатоци кај зголемувањето на усните е тоа што трае многу кратко. Големината трае околу 5-6 месеци, а потоа усните се враќаат во нормална состојба. Па, жените треба буквално да станат зависни на овие процедури и да ја трпат болката од инјекциите секои 6 месеци.
3. Липосукција


Класичната липосукција се спроведува со локална анестезија и потребни се не помалку од 2-3 недели за закрепнување. Покрај тоа, може да се појави хиперпигментација на делот на којшто бил извршен зафатот. Според американските научници, 18,7% од пациентите страдаат од ова. И лекарите се скептични за оваа операција и нејзините резултати.
4. Педикир со риби


Овој педикир најчесто се изведува со рибата без заби позната како Garra rufa. Овие педикири секогаш започнуваат со темелно чистење и дезинфекција на стапалата. Дури тогаш можете да ги ставите стапалата во аквариумот. Во спротивно можете да се инфицирате од бактериите или габите од претходните муштерии. Исто така не се препорачува да го правите овој педикир откако сте ги избричиле нозете. Можно е да имате микроскопски исекотини преку кои сепак можете да добиете инфекција.
5. Акупунктура на лице


Со акупунктурата на лице на жената ѝ се ветува дека ќе има „бебешко лице“, односно совршени контури и лице без брчки. За да се постигне овој резултат, на лицето се ставаат 100 посебни игли за оваа намена. Сепак, научниците не можат да ја потврдат ефикасноста на оваа процедура. Покрај тоа, тие сметаат дека ова е поле од медицината што бара дополнително истражување.
6. Свеќа за уво


Во оваа процедура, во ушниот канал на пациентот се става шуплива свеќа која се пали на другиот крај. Се верува дека пламенот создава вакуум кој ги отстранува сите нечистотии од увото. Американската академија за аудиологија направила истражување за да ги проучи придобивките од процедурата и заклучиле дека може да резултира со изгореници или блокирање на ушниот канал што бара операција.
7. Избелување на забите


На муштериите им се ветува „холивудска насмевка“ по оваа процедура. Но избелувањето го ослабува емајлот на забите, со тоа правејќи ги вашите заби почувствителни. Многу пациенти се пожалиле дека процедурата е навистина болна, а ефектот трае многу кратко.
8. Мезотерапија


Наводно, по инјекциите со мезотерапија ќе се ослободите од воспаленијата и брчките на лицето, а кожата ќе ви биде сјајна. Но, во 2012-та година едно истражување го покажало спротивното. 6-те испитаници кои учествувале добивале мезотерапија во текот на 6 месеци. Никој од нив не забележал дека брчките исчезнале. Покрај тоа, од оваа процедура можат да се појават разни алергиски реакции.
9. Подигнување на градите со ботокс


Третманот со ботокс е најпознат за намалување на брчките. Но неодамна се разви слична процедура за подигнување на градите. Се ставаат инјекции со ботокс во градните мускули со цел градите да изгледаат попривлечно. Најголемиот недостаток на оваа процедура е високата цена, а резултатите траат само 6 месеци. Проблемот е што инјекциите се ставаат во малите градни мускули кои се покриени со големите градни мускули. Покрај тоа улога имаат мускулите на рамената и грбот и дури и ако има позитивен резултат, тој ќе биде едвај видлив. Научниците веруваат дека одењето во теретана и правилното држење на телото се многу побезбедни, а ќе ви дадат подобри и подолготрајни резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.