Баба си ја истетовирала главата, затоа што оќелавела поради болест

Loading...

Чистачка од Тексас, Ен Мекдоналд (60) боледува од алопеција, болест поради која косата почнува да изненадно да паѓа, си ја истетовирала целата глава со цел да каже дека ја победила болеста.

Со оглед на тоа дека и здосадиле периките, таа решила на уникатен начин да го реши проблемот.

 

Бидејќи не можела повеќе да се гледа во огледало, не можела да се препознае без коса, не сакала да биде грда почнала полека да паѓа во депресија. Немајќи друг избор таа решила да ја истетовира целата нејзина глава. 

 

Еден ден, барајќи решение за овој проблем, таа на интернет стапила во контакт со жена која боледува од истата болест и го направила истиот чекор. Бидејќи и изгледало како идеално решение, таа веднаш решила да го направи истото. Иако било болно, сепак вредело. На нејзиниот сопруг и на нејзините синови тоа им се допаднало. Младата популација често ја исмева, но тоа на неа не и е важно, бидејќи вака е доволно среќна.

loading...