24 каратни пилули-хит меѓу богатите

Цена на едно вакво пакување од овој луксузен производ е 425 американски долари, а њујоршката елита има проблем; моментално постои дефицит од овие пилули на пазарот. За некои луѓе нема криза! 

 

24 каратните златни пилули од 2005 година ги осмислија њујоршките Тоби Онг и Кен Кортни, а нивната цел е човечката утроба да се претвори во ковчег со богатство. Овој уметнички проект игра на картата да го расчисти пазарот на луксузни предмети и колку и да звучи бизарно, некои луѓе би требало да бидат над ''обичниот'' свет.

 

Токму тоа може да биде причина зошто цената на една ваква пилула, отиде во небески димензии. За 425 долари по парче. Меѓутоа на пазарот во моментот постои дефицит на овој предмет. Пилулите најчесто им ги даваат на богатите деца за да им дадат нова димензија на нивниот начин на живот. Не знаеме дали некои од бројните купувачи ја голтнал оваа пилула, и кое е нејзиното вистинско дејство. 

Пронајдете не на следниве мрежи: