Нов, интересен начин на дистрибуција на марихуана

Loading...

Американската гранична полиција, пронајде конзерви со марихуана, долж границата со Мексико. Конзервите биле исфрлани од топови, кои претставуваат најновиот изум на лукавите мексикански шверцери.

Полицијата вели дека пронашле 32 конзерви со марихуана, во делот каде реката Колорадо се вкрстува со американско-мексиканската граница.

 

Тие веруваат дека конзервите се исфрлани од далечина од околу 150 метри, директно во САД со помош на воздушни топови. Во конзервите се наоѓало околу 38,5 кг марихуана, чија вредност е 42,500 долари. 

Граничната полиција, во последно време примала повици за чудни ''буриња'' кои прелетувале во близина на реката Колорадо во Јужна Аризона.

Употребата на воздушните топови кажува многу за креативноста на шверцерите, кои почнале да користат и катапулти, подземни тунели и подморници товарени со кокаин.

 

loading...