Две госпоѓи решиле да излезат навечер сами без мажите…

Две госпоѓи во најдобри години решиле да излезат навечер сами без мажите. Вечерале, се напиле доста и дошло време за дома. Попат им се примочало. За да не им светкаат белите газиња во градската темнина решиле да скршнат во гробиштата покрај кои минувале и таму да ги извршат природните обврски. Нормално немале тоалет хартија. Првата се забришала со своите гаќи и ги фрлила. На втората и било жал за гаќите, па откинала парче од венец и завршила работа. Утредента двајцата мажи си се пожалиле меѓусебно: – Знаеш, жена ми синоќа се врати дома пијана и без гаќи – рекол едниот. – Не е тоа ништо одговорил другиот. – Мојата исто се врати дома пијана без гаќи, а од газот и штрчеше лента на која пишуваше: “…. Никогаш нема да те заборавиме. Перо, Миле и фудбалски клуб Вардар”!!!За да не им светкаат белите газиња во градската темнина решиле да скршнат во гробиштата покрај кои минувале и таму да ги извршат природните обврски

Пронајдете не на следниве мрежи: