Дневникот на Цвета

Дневникот на Цвета:Средата навечер ми изгледаше дека се однесува чудно. Уште утрото се договоривме да се најдеме на пијалак. Цел ден го минав со пријателките на шопинг, па мислев дека е нервозен заради тоа што малку задоцнив, меѓутоа тој ништо не прокоментира.Разговорот некако не ни одеше, па му реков да се преместиме на некое потивко место каде што ќе може да зборуваме. Тој се согласи но остана тивок и отсутен. Го прашав што е проблемот, тој рече ништо. Го прашав дали е моја грешка што е вознемирен. Тој рече дека не е до мене и да не се грижам.
На пат кон дома, му кажав дека го сакам, тој едноставно се насмеа и продолжи да вози. Не можам да го објаснам неговото однесување, не знам зошто не ми рече дека и тој ме сака.
Кога дојде дома се чувствував како да сум го изгубила, како да не сака да има ништо со мене. Само седеше и гледаше во телевизорот, повторно целиот далечен и отсутен.
Конечно решив да си легнам, околу 10 минути подоцна и тој дојде во кревет. На изненадување, тој реагираше на моите провокации и водевме љубов, меѓутоа се уште беше изгубен и со мислите на друго место. Решив дека повеќе не можам да го толерирам и одлучив да го конфронтирам, но тој веќе беше заспан. Почнав да плачам и плачев се додека не заспав. Не знам што да правам, речиси сум сигурна дека неговите мисли се со некоја друга. Мојот живот е катастрофа.
Дневникот на Перо
Денес Холандија изгуби!Средата навечер ми изгледаше дека се однесува чудно. Уште утрото се договоривме да се најдеме на пијалак. Цел ден го минав со пријателките на шопин

Пронајдете не на следниве мрежи: