Ракометната репрезентација на Македонија, на 23-то Светско првенство чиј домаќин е Шпанија, нема да настапува под своето уставно име.
Иако првично на официјалната интернет страница на првенството ’handballspain2013.com’, земјата беше преставена како Македонија, со кратенката ’MKD’, сепак, во четвртокот тоа е сменето и на страницата пишува дека репрезентацијата доаѓа од FYR Macedonia.
На официјалната интернет страница нема објаснување зошто во Светската ракометна федерација (IHF) го направиле ова, но се претпоставува дека и тука, политиката, односно, Грција ги замешала прстите.
Пронајдете не на следниве мрежи: