Што мислите – дали лаптопот е релативно нова иновација во компјутерската технологија? Излегува дека не е: идејата за мобилен компјутер се раѓа во 1968 година, уште пред персоналниот компјутер да излезе на пазарот. Описот на пренослив компјутер наречен Dynabook, се појавува за прв пат во документ кој датира од 1972 година.Една година подоцна, IBM го демонстрираат првиот прототип на мобилен компјутер наречен IBM Special Computer APL Machine Portable (SCAMP). Во септември 1975 година, мобилниот компјутер се појавува за прв пат и на пазарот: моделот IBM 5100 e базиран токму на прототипот SCAMP.
Во 1981 година, компанијата Epson го презентира првиот пренослив компјутер со големина на традиционален лаптоп: Epson HX-20 има LCD екран, батерија на полнење и дури печатач со големина на калкулатор и тежи 1,6 килограми.
Првите мобилни компјутери со „краен“ дизајн се појавуваат исто во почетокот на 80-тите години. Тие биле користени во професионалната средина.
Во 1983 година, Gavilan SC е првиот модел лансиран на пазарот под техничкото име „лаптоп“. Од 90-тите години на 20 век, екраните на лаптопите почнуваат да се развиваат со брзо темпо и наскоро почнуваат да поддржуваат боја и повисока резолуција.
Во 2003 година е претставен и првиот лаптоп со 17-инчен дисплеј, идеален за работа. Денес лаптопите доаѓаат во различни форми и дизајни и продолжуваат да бидат главен избор за компјутери меѓу обичните и бизнис корисници.Една година подоцна, IBM го демонстрираат првиот прототип на мобилен компјутер наречен IBM Special Computer APL Machine Portable (SCAMP). Во септем