Можеби ви звучи како вистинска научна фантастика, но приказната е вистинита. Имено, светскиот интернет сообраќај го контролираат 14 лица кои поседуваат седум вистински, метални клучеви и се состануваат четири пати годишно на церемонијата која изгледа како во филмски трилер.Местото на средбата е високо безбеден простор во Ел Сегунд, предградие на Лос Анџелес, зад чии челични решетки се наоѓаат обезбедени сметки. Во оваа просторија не може да продре никаков електронски сигнал, а пристапот не е дозволен ниту за персоналот за чистење, па дури ни за обезбедувањето на зградата. Мисијата на Том Круз за напад во оваа соба навистина би била невозможна, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Организацијата која владее со овој простор се нарекува ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers – Интернет корпорација за доделување на имиња и броеви). Двапати годишно (и уште двапати во слични простории во Вашингтон), тука се одржува таканаречена „Церемонија на потпишување клучеви“. За да се разбере подобро за што се работи, важно е да се знае дека интернет адресите се состојат од низа броеви. За да можат луѓето да ја запомнат адресата, овие низа броеви се заменуваат со имиња.
ICANN на секое име на интернет му доделува еден од овие низа броеви т.н. ip адреса.
Банка на податоци
На тој начин, ICANN го контролира „телефонскиот именик“ на интернетот, во кој се наоѓаат буквално сите адреси на сајтови на светот. Тоа на оваа организација ѝ дава неверојатна моќ. Колапс на системот би довел до хаос. Да речеме, сакате да го внесете името на својата омилена страница, а како одговор добивате нешто сосема друго или ништо. Уште полошо е тоа што оној кој би освоил неограничен пристап на банката на податоци на ICANN, би можел да манипулира со целиот интернет како што сака. На пример, да отвори лажна банка на која ќе ги пренасочи сите клиенти на вистинската банка. Последиците би биле еднакви на најлошата природна катастрофа.
Кој го држи монополот
Довербата во сигурноста на мрежата е многу потресена по откритието на НСА дека го шпиoнира целиот интернет сообраќај. Иако, чуварите на клучевите освен од Америка, доаѓаат од Русија, Кина, Буркина Фасо, Јапонија, Јужноафриканската Република, прашањето кој на ICANN му дал толку власт во рацете е исклучително важно за иднината.
Рик Ламб, главниот програм менаџер на оваа непрофитна организација, одговара дека тоа е „цела онлајн заедница“. Меѓутоа, бидејќи тој е некогашен службеник на американското Министерство за надворешни работи, не чуди тоа што кај многу држави тој монопол произведува мало заладување. Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателката на Бразил Дилма Русеф го покренале ова прашање и пред ОН, а и Европската комисија, која засега официјално тврди дека има доверба во организацијата, побара измени, бидејќи „јасно е дека дошло време за глобализација на ICANN“.
Ако од било кои причини би дошло до пад на целиот систем, би било неопходно да се рестартира. За повторно покренување задолжени се седум лица, таканаречени „офицери за шифри“. Тие поседуваат по еден клуч со кој можат да го отворат сефот во своето сопствеништво во кое лежи мемориска картичка. Сите седум картички заедно мора да бидат вметнати во еден компјутер кој овозможува пристап на ICANN базата на податоци. Освен седумте сопственици на клучеви, ICANN на оваа церемонија именува и седум „лица од сенка“, кои не поседуваат клучеви за сефовите, туку мемориски картички на кои се наоѓаат сочувани делови од код на софтверот за генерирање на главниот клуч.
Овие седум лица се должни еднаш годишно да испратат своја слика на која во раце ја држат својата мемориска картичка и дневни весници од денот кога фотографијата е направена.
Вкупно, овие 14 лица практично ги држат клучевите од целиот интернет.
Хакерите им се главна закана
Почнувајќи од 2010 година, сите 14 „сајбер офицери“ се состануват четири пати годишно за да присуствуваат на церемонијата на која секогаш повторно се генерира софтверски клуч. На една овогодишна церемонија присуствувале и англиски новинари, кои сведочат за невидени мерки на безбедност. На пример, во важни простории може да се влезе само по скенирање на окото на посетителот. Потоа, се пристапува на програмата која во 100 точки го пропишува процесот на генерирање на клучот. Снимаат бројни камери, кои седницата во живо ја пренесуваат преку интернет.
Дека овие мерки не се бесмислени, покажува случајот од пред неколку години, кога интернетот за влакно избегна катастрофа. Тогаш, еден од најпознатите светски специјалисти за безбедност на интернетот по име Ден Камински, пронашол огромен безбедносен пропуст кој веднаш го пријавл на ICANN и за чија поправка требале речиси шест месеци. На сета среќа, тоа не го откриле лицата кои се занимаваат со криминал на мрежата, бидејќи последиците би биле несогледливи.
Ден Камински е еден од творците на новиот систем на заштита и еден од седумте носачи на „клучевите на интернетот“. Сепак, неколку млади хакери кои влегле во неговиот приватен компјутер и му ја украле целосната кореспонденција, протоколи и лозинки, му покажале дека можат да претставуваат сериозна закана.
Заклучен зад решетки
Колку се чуствителни безбедносните уреди, говори и случајот со последната церемонија, кога еден од контролорите малку посилно ја затворил вратата на просторијата во која се седумте сефови со мемориски картички. Сеизмичките сензори веднаш реагирале и ги заклучиле сите врати, оставајќи го носачот на клучеви зад решетки на простор од само неколку квадратни метри.Местото на средбата е високо безбеден простор во Ел Сегунд, предградие на Лос Анџелес, зад чии челични решетки се наоѓаат обезбеде