Господарите на светската клима во рацете имаат оружје кое е ПОЈАКО од атомската бомба!

Денес не постои некој кој не се прашува што се случува со климата. Од што и зошто природата се менува? Но, не обвинувајте ја природата. Вистинската и недопрена природа е како жив организам, во кој сѐ се наоѓа на своето место и сѐ е во хармонија.Меѓутоа, кога ќе се допре природата, поточно нејзиното срце, тогаш зимата повеќе не е зима и летото повеќе не е лето.
Манипулацијата со климата започнала уште во 1946 година, кога американскиот научник Винсент Шефер открил дека уфрлувањето на заледени честици на јаглерод диоксид (сув мраз) во ладна комора, доведува до создавање на ледени кристали кои се исти како оние кои се наоѓаат во облаците. Се знаело дека топлиот воздух при оддалечувањето од тлото на земјата, сѐ повеќе се лади и дека еден дел од таа влага се кондензира во ситни капки кои формираат облаци.
СЕЕЊЕ НА ОБЛАЦИ
Милиони такви капки мораат меѓусебно да се спојат за да станат доволно тешки и како такви да паѓаат во вид на дожд. Така на дотичниот научник му текнало дека обалците би можеле да се „посеат“ и да создаваат дожд дури и над сушните пустини. Во ЈАР во 1988 година, се дојде до едно случајно откритие кое доста ќе влијае на „производството на клима“. Нивниот тн. волшебник за производство на дожд, Грејем Матер, стекнал впечаток дека гасовите кои една фабрика од околината ги имала испуштано – се главната причина за дожд.
Кога ги тестирал гасовите, тој забележал присуство на хигроскопски соли кои привлекуваат влага и сфатил дека тие би можеле да бидат искористени за драматично збогатување на облаците. Поаѓајќи од неговите наоди, Американскиот национален центар за атмосферски истражувања, цели четири години експериментираше со сеење облаци со помош на хигроскопски ракети, користејќи ја амбиенталната влага во облаците.
САД има програми за модификација на времето, а Пентагон веќе извесен период верува дека климата ќе може да се употреби како оружје кое по силата е моќно како атомската бомба.
Во 1998 година, Малезија претрпе најголема суша во последните 15 години. Тоа беше причина малезиската влада да почне со развој на една нова техника која вклучува сеење на облаци со хеликотери МИ-17 (можат да понесат по 60 ракети).

КОГА КИНЕЗИТЕ ЕКСПЕРИМЕНТИРААТ
Проектите за менување на климата се понапредни во Кина. Така, Кинезите во 2000 година биле загрижени што зимите во Пекинг биле премногу суви. Затоа, беше наредено над Пекинг да се пуштат балони кои биле поли со пакети на сребрен јодид од по 5 грама. На височина од 2.000 метри, 1 фитил со бавно согорување активирал ракета при чија екплозија биле ослободени 500.000 милијарди вештачки кристали над облаците.
Експериментот бил успешен: десетици центиметри снег паднале на централен и источен Пекинг, главниот аеродром бил затворен,а сите главни патишта биле блокирани.
И научниците во поранешниот Советски Сојуз експериментирале со климата. Но, нивните почетни проекти биле прилично примитивни: авиони испуштале огромни количества бетонска прашина над облаците. Но, кога нивните проекти се развиле со текот на времето, веднаш се зголемила и стапката на успех.
Кон крајот на осумдесеттите години, руските научници користеле посложени хемикалии за регулирање на облаците и биле оптимистични да ветуваат убаво време над Москва при одржувањето на паради и други масовни јавни собири.
ЧЕТИРИ ОБЛИЦИ НА МЕТЕОРОЛОШКА ВОЈНА
Професорот Акум Омура, кој работи како директор на Институтот за климатски истражувања во Цирих, тврди дека светските сили веќе поседуваат средства за четири облици на метеролошко војување.
Операција поплави, предвидува масовна употреба на авиони кои во случај на нужда се способни да „посеат“ облаци со големи количества сребрен нитрат, што ќе предизвика огормни полави на однапред определни територии.
Операција мраз, предвидува употреба на ракети наполнети со големи количества на диоксид метан и јаглерод, кои би експлодирале на висина од 17.000 метри. Тие честици во целост би го покриле Сонцето, што би предизвикало голем пад на температурите на одреден простор на Земјата. Ова може да предизвика смрт од премрзнување не само на непријателот, туку и на сѐ што е живо на определена територија.
Операција огнена бура, предвидува употреба на ласери кои се насочуваат кон пустинските предели. Тоа може да доведе до прегревање на воздухот над пустината, чие кревање во висина ќе доведе до создавање на разорни урагани кои се пропратени со предизвикување на многу пожари, кои можат да ја уништат вегетацијата, животинскиот свет, луѓето и нивните живеалишта, вклучувајќи ги и повеќемилионските градови.
Операција подводна бомба, треба да предизвика создавање на бранови високи и до 30 метри, кои со својата сила би ги уништиле населбите кои се наоѓаат покрај морињата или океаните (дали уште некој верува дека цунамито во Шри Ланка е случајност?). Џиновските бранови би биле предизвикани со активирање на големо експлозивно полнење, кое би се поставило во длабочините на океаните или морињата.Меѓутоа, кога ќе се допре природата, поточно нејзиното срце, тогаш зимата повеќе не е зима и летото повеќе не е лето.
Мани

Пронајдете не на следниве мрежи: