Посетиле ритуал за палење на кукла. Но, над оганот се појави СУШТЕСТВО кое ги исплаши присутните!

Годинешното палење на куклата позната под називот El Kookooee, привлекува мноштво граѓани на Албукерки, САД.Меѓутоа, на овогодинешниот настан, барем според она што беше забележано на снимките, на свеченото палење на El Kookooee не присуствувале само луѓе.
„Се испаничиве поради појавата“- изјави сведокот Стивен Вон, коментирајќи ја морничавата глетка која ја виделе голем број сведоци.
Фотографиите од наводното натприродно суштество ги забележале неколку локални пожарникари, кои секогаш во случај на превенција присуствуват на овој настан. Истражувачите на паранормалните работи веднаш коментирале дека на снимките беше забележано присуството на некој вид демон, астрално проектиран волшебник, или дух.
„Тоа навистина беше во хуманоиден облик и лебдеше во воздухот“ – рекол еден од сведоците.

Инаку, El Kookooee е латино ритуал, во кој луѓето ги запишуваат своите стравови на лист хартија, а потоа го фрлат во запалената кукла. Пожарникарите се надоврзале на приказната:
„Тие ја запалија куклата, а ние само стоевме и фотографиравме. Одеднаш се пресековме кога забележавме појава на лик над огнот. Тоа не беше обичен човек, туку нешто натприродно“.
Кога му ги покажале фотографиите на организаторот на настанот, тој кратко им одговорил дека тоа е El Kookooee и дека доаѓа за да ги јаде стравовите.
Погледнете го видеото и пресудете сами:
Меѓутоа, на овогодинешниот настан, барем според она што беше забележано на снимките, на свеченото палење на El Kookooee не присуствувале само луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи: