Дневен хороскоп за 26.02.2016

Откријте што ви предвидуваат астролозите во дневниот хороскоп за 26.02.2016 година!Овен
Моментално во љубовта ѕвездите не ви се наклонети. Можно е прекинување на врската. Во текот на денот очекувајте повик од деловен партнер со кој сте ја прекинале соработката. Денеска ќе бидете нервозни.
Бик
Денес ќе бидете подготвени на партнерот да му пружите уште една шанса. Можно е да добиете или да дадете отказ. Внимателно, бидејќи можни се компликации со здравјето.
Близнаци
Во љубовната врска ќе се соочите со криза, но не грижете се, таа е минлива. Планиравте повеќе време да ѝ посветите на кариерата. Финансиите ви се постабилни. Бидете внимателни, особено со главата и стомакот.

Рак
Денес на партнерот ќе му биде потребна посебна поддршка, бидете тука за него. Ќе бидете многу вредни и прецизни, но можни се и нагли потези. Здравјето ви е подобро.
Лав
Некој со кого работите ќе се обиде да се поигрува со вас. Не треба да имате доверба во сите соработници, но и луѓето околу вас воопшто. Бидете посебно внимателни во сообраќајот.
Девица
Можете да очекувате повик и убава средба. На шефот можете слободно да му го кажете своето мислење, ќе ја цени вашата искреност. Следи финансиска криза. Имате проблеми со варењето.

Вага
Помеѓу партнерот и вас има сѐ поголема нетрпеливост. Успешни сте во работата, но очекувајте некакви одложувања. Можни се неочекувани трошоци. Здравјето ви е добро.
Скорпија
Денес ќе добиете повик од личност која е на пат. Во следните неколку дена немате потреба да се отповарувате со работа. Искулирајте. Малку лошо се чувствувате.
Стрелец
Со вашиот партнер не се разбирате на вистински начин. Ова е поволен ден за кариера и финансии. Имате сѐ повеќе амбиции. Се наоѓате во одлична форма.

Јарец
Внимавајте, љубовната идила може да ви ја расипе некоја трета личност. Многу сте снаодливи во ситуацијата кога околностите не ви се наклонети. Можна е настинка.
Водолија
Вашиот партнер премногу работи и затоа нема време за вас. Секоја грешка во работата може да ја исправите доколку сте смирени. Здравјето ви е чувствително.
Риби
Не е лошо да се потрудите да го промените односот кон партнерот. Не обидувајте се до пари да дојдете на лесен начин. Здравјето во следните неколку денови ќе ви биде добро.

Пронајдете не на следниве мрежи: