Љубовен неделен хороскоп за 08- 14.02.2016!

Љубовен неделен хороскоп за 08- 14.02.2016!Овен
Минувате низ различни фази на емотивно расположение, но  решени сте да ги земете работите во свои раце. Поради бројни  средби или  динамични случувања кои ве следат во социјалниот живот, делувате атрактивно и привлечно за личностите во своето опкружување. Но, повремено не можете да ги контролирате своите страсти или заносот кој го чувствувате кон блиска личност, а тоа може да биде лошо.
Бик
Повремено како да ви недостига емотивно разбирање, имате впечаток дека полека се оддалечувате од  една драга личност. Потребно е искрено да разговарате со својот партнер или отворено да ги преиспиате заедничките планови. Ако сте млади или слободни, чувствувате емотивна несигурност и вашето внимание често го привлекуваат личности  со различни профили. Дури кога ќе ги сфатите емотивните заблуди, можете да направите добар избор.
Близнаци
Се наоѓате во совршена форма и важно ви е да се претставите  во скоро  совршено светло пред личноста која ви се допаѓа. Делувате заводливо и снаодливо во  разни средби и умеете да ја шармирате својата околина. Ве очекува недела исполнета со позитивни емоции, љубовна атмосфера и  блиски контакти, па уживајте.

 
Рак
Во  согласност со  расположението делувате заносно и  водите активен социјален живот, често се наоѓате во прилкика да остварите нови или необични емотивни контакти. Сепак вашето интересирање за одредена личност не е секогаш со траен карактер. Доколку посакувате страствена авантура, тогаш ништо не може да ве спречи да ги остварите своите „тани намери“.
Лав
Во  согласност со  својата природа повремено имате големи емотивни очекувања и умеете да поставувате различни барања. Ви се чини дека партнерот нема секогаш доволно разбирање за вашите потреби, па така некои зачестени конфликти дополнително влијаат на вашето лошо расположение.
Девица
Повремено како да ви недостига оптимизам, но не и потреба за романтика или авантуристички доживувања. Благодарение на досетливоста успевате да привлечете нечие емотивно внимание и пронаоѓате ефикасно решение за своите дилеми.  Избегнувајте конфликтни ситуации со саканата личност за да ја сочувате драгоцената енергија и психолошка рамнотежа. Недоразбирањата со  партнерот не се сериозни но сепак бараат големо  трпение и  заедничко уважување.

 
Вага
Имате добро предчувство низ емотивните превирања, така што  разликувате хармоничен однос или нова љубовна романса. Во налет на страсти и чувства, необични средби  ви го привлекуаат вниманието, умеете да ги препознаете сигналите на сите страни. Важно е да ги одредите своите приоритети во заедничкиот живот. Партнерот не може да одолее пред вашиот шарм, делувате заводливо во ситуации кога јасно ги искажувате своите искрени чувства.
Скорпија
 Се случува при налет на емоции често да го менувате своето расположение или одлуките. Не сакате кога луѓето ве доведуваат во подредена позиција и  да ви врши психолошки притисок. Сепак, партнерот користи  наин да ги оствари  своите намери, што дополнително ја поттикнува вашата емотивна несигурност.
Стрелец
Важно ви е да ја надминете емотивната криза, така што се наоѓате пред нова одлука која сакате да му ја соопштите на партнерот. Можно е партнерот на негодува  и да се обиде да ве увери во поинаков начин на размислување. Повременото оддалечување од саканата личност или емотивна дистанца треба да ве поттикне на добро решение.

 
Јарец
Чувствувате емотивен немир, па така во зависност од ситуацијата го менувате расположението или одлуките. Важно ви  е да ја надминете оваа криза или различните недоразбирања кои ги имате во последно време со саканата личност. Во овој период обидете се да го усреќите партнерот. Ако сте млади и слободни, ве очекуваат краткотрајни авантури.
Водолија
Имате впечаток дека на вашата психолошка и  емоционална сигурност, најдобро делуваат предходно испланираните ситуации. Порано или подоцна емоциите ќе надвадеат над разумот, па така ќе се впуштите во луда краткотрајна романса.  Оние во врска пред себе имаат мирен период исполнет со  нежности.
Риби
Во согласност со инспирацијата која ве следи делувате заносно, енергично пред саканата личност. Умеете да ги остварите своите љубовни намери и да се „наметнете“ на соодвете начин. Понекогаш во емотивен занес ви се чини дека се е можно или лесно, вашите способности за заведување делуваат многу ефикасно. Овен
Минувате низ различни фази на емотивно расположение, но  решени сте да ги земете работите во свои раце. Поради б

Пронајдете не на следниве мрежи: