Новиот ŠKODA Superb – внатрешност својствена за високата класа

> Први впечатоци од новиот ŠKODA Superb
> Целосно нова димензија: простран и елегантен со големо внимание на деталите
> Комфорен, исклучително просторен со извонредни материјали
> Повисоко ниво на квалитет, совршена изведба и чиста прецизна изработка
> Моделот својата светска премиера ќе ја има на автомобилскиот саем во Женева, а во Македонија ќе биде претставен во септември 2015 година.ŠKODA уште еднаш ги покажува своите дизајнерски вештини и емоцијата на брендот преку најновата верзија на својот знаменосец. Новиот Škoda Superb ја комбинира пространоста, функционалноста и дизајнот на еден уникатен начин. ŠKODA минатата година на автомобилскиот саем во Женева го навести новиот дизајнерски јазик на брендот преку концепт автомобилот ŠKODA VisionC. Со новиот Superb брендот ги пренесува иновациите во сериско производство. ŠKODA сега претставува конкретни детали од третата генерација Superb со цел клиентите да се запознаат со возилото.
Целта на дизајнерите и инженерите на ŠKODA беше да се создаде супериорен внатрешен простор, модерен, елегантен со софистициран изглед. Со натамошни подобрувања на внатрешноста, ŠKODA во Superb го пренесе квалитетот од високата автомобилска класа. Со најмногу простор во класата, поголема удобност, нови технички решенија, високо квалитетни материјали и прецизна изработка ŠKODA Superb навистина поставува нови стандарди во својата класа.ŠKODA уште еднаш ги покажува своите дизајнерски вештини и емоцијата на брендот преку најновата верзија на својот знаменосец. Новиот Š

Пронајдете не на следниве мрежи: