Кремаво и евтино: Ориз салата

Подгответе салата од ориз.

Брзо и лесно со одличен вкус

Кремаво и евтино: Ориз салата

СОСТОЈКИ:
200 гр ориз
1 кг шунка
1 тегла кисели краставици
1 лажица сенф
2-3 лажици мајонез
3-4 павлаки
зачини
ПОДГОТОВКА:

Ставете го оризот да се вари во тенџере на оган со многу вода и лажичка вегета.Откако ќе се свари, исцедете го оризот, исплакнете го со млаз ладна вода, па повторно исцедете го и ставете го во длабок сад настрана, а во меѓувреме кселите крставички ситно исечкајте ги и ставете ги врз цедалка да се исцедат околу половина час.
Шунката изрендајте ја или ситно исечкајте ја.
Оризот измешајте го со киселите краставички, шунката, па додајте лажичка сенф, 3-4 мали павлаки и околу 2-3 лажици мајонез.
Добро измешајте ги сите состојки, ставете во ладилник кратко, па послужете.
Може да декорирате со маслинки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.