Подгответе си бомбици со свежо цеден портокал кои нема да ви одземат повеќе од 30-тина минути.
Потребни состојки:
20 грама чоколадо за готвење
150 милилитри цеден портокал
1 лажица мед
40 грама мармалад
1 кора од портокал
30 грама какао или кокос
1 кесичка ванилин шеќер
300 грама бисквити
Начин на подготовка:
Кексите прелијте ги со сокот од портокал, додадете ги медот, мармаладот, ванилиниот шеќер, истопената чоколада и ренданата кора од портокал.
Добро измешајте за да се изедначи смесата, па ставете ја во фрижидер на 30-тина минути. Потоа правете топчиња, извалкајте ги во какао или кокос и послужете.