Портокали со цимет

Циметот е зачин добиен од внатрешната кора на неколку дрвја од родот Cinnamomum и може да се користи и со слатки и со солени јадења. 

Тој потекнува од Југоисточна Азија, а неговото потекло било мистерија во Европа се до XVI век.

За овој рецепт потребно е:
50 грама шеќер
малку  цимет
4 лажици сок од портокал
500 грама портокал
2 лажици лимонов сок

Начин на подготовка:
Излупете ги портокалите и исечете ги на 5-6 парчиња. 

Измешајте ги соковите од портокал и лимон со циметот и шеќерот. Оваа мешавина прелијте ја преку секоја порција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.