Пилешко филе со сирење Бурата

Состојки:
100 г рукола
50 г спанаќ
50 г џем од боровинки
оцет
маслиново масло
200 г пилешко филе
50 г црвено вино
сирење “Burrata”

Начин на приготвување:
Исечете го пилешкото филе на резанки и зачинете со сол и црн бибер. Пржете го во маслиново масло. Откако ќе зарумени, одозгора ставете малку масло и додадете го црвеното вино. Исечкајте го сирењето на коцки.

За салатата: Во сад ставете спанаќ и рукола. Зачинете со сол, маслиново масло и оцет.
За дресингот: Помешајте слатко од боровинки, маслиново масло и оцет.

Сервирајте ја во средина на чинијата прво салатата, па парчињата пилешко, а до нив парчињата сирење “Бурата”. Полијте со дресингот и уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.