Прекрасен колач со јаболка

Ви презентираме колач од јаболки со ореви, кој ќе ги задоволи и најприбирливите вкусови. 
 
Потребно состојки:                       
3 јајца 1 чаша кисело млеко1 чаша шеќер2 чаши брашно1 чаша масло1 прашок за пециво50-60 гр мелени оревиза филот:1 кг јаболкашеќер по вкус2 лажици гриз2 кесички ванилин шеќеррендана кора од 1 лимон
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, па во ова додадете го кисело млеко, масло, брашно и прашок за пециво. Јаболките излупете ги, изрендајте ги на крупно ренде и ставете ги во сад на рингла малку да ги продинстате. Додадете им шеќер, ванилин шеќер и гриз. Кога ќе се згусне смесата со јаболките тргнете го садот од рингла. Додадете ги мелените ореви и изренданата кора од лимон. Половина од тестото сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се исече до половина во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути. Извадете ја тавата од рерна и врз тестото распоредете го филот од јаболки, а над филот преостанатото тесто.Вратете ја тавата во рерна и допечете го колачот. Проверете дали е печен со чепкалка за заби.Оставете да се излади, посипете го со шеќер во прав, исечете го на коцки и послужете.
Пријатен апетит!Ви презентираме колач од јаболки со ореви, кој ќе ги задоволи и најприбирливите вкусови. 

Пронајдете не на следниве мрежи: