Жените и мастурбацијата: Седум тајни за нејзиното скриено задоволство

За мажите  женското задоволство преставува енигма, а студиите  откриваат некои занимливости: Таа е понежна, а многу позрзо доаѓа сама до оргазам …Жените најчесто се возбудуваат со визуализирање на минатите сексуални  искуства,  имагинарни сценарија во  кои таа замислува секс  со колега или непозната личност, но како и кај мажите  со порно филмови, покажуваат студиите.
1.Сама е побрза
Просечен маж без проблем може да доживее оргазам за само неколку минути, додека на жените  во просек им е потребно повеќе време  – од 15 до 20 минути. Сепак тие податоци кај жените се однесуваат на секс, но не и на мастурбацијата, вели Сади Алисон, авторка на книгата „Оргазам каков што посакуваат жените“. Студиите покажуваат дека жените со самозадоволство можат да доживеат оргазам за  две до три минути.
2. Жените го прават „тоа“ поретко.
Според истражувањата, околу 25 % од мажите мастурбираат  три пати  во неделата,  а повеќе од 55 % од нив барем еднаш во неделата. Истовремено, околу 10 % од жените го прават  тоа три пати во неделата, а 38 %  еднаш месечно. Освен тоа, студиите покажуваат  дека мажите  со мастурбација започнуваат  во почетокот на пубертетот, додека најголем број од жените почнуват подоцна.
3. Поинаква подготовка
За мажите атмосферата најчесто не е важна, се потпираат на нагонот и задоволување на потребата, додека за припадничките на понежниот пол  атмосферата е многу важна, објаснува Алисон. Сеедно дали се работи за секси долна облека, сензуално туширање или  свеќи, жените сакаат  посебна атмосфера за опуштање.

4. Нејзиниот допир е понежен
Мажите обично имаат цврст допир, додека женските движења се понежни, суптинли и поспори. Бидејќи клиторисот има двојно повеќе нервни завршетоци отколку пенисот, таа разлика е нормална. Сепак, по некое време нежните допири можат да станат груби, но со доволна подготовка.
5. Таа го истражува своето тело
Жените  за време на мастурбација  повеќе играат со своето тело – ги допираат брадавиците, внатрешните страни на колковите, стомакот и сл, додека мажите исклучиво се концентрираат на гениталиите.
6. Оргазамот не е единствена цел
Ова е една од најголемите разлики кај самозадоволувањето  кај мажите и жените. Мажите имаат јасна цел  која и ја исполнуваат, додека жените можат да се почувствуваат задоволено  дури и ако не дојде до оргазам. Може да се повлече паралела  и со сексот, па на жените и секс без оргазам може да им биде  одличен, додека кај мажите не тоа не е случај.
7 . Доколку дојде до оргазам, тој трае и трае…
Кај машката еакулација,  оргазамот  носи  големо физичко опуштање и задоволство, бидејќи треба многу енергија за простатата да ја исфрли спермата од тестисите до пенисот.  Поради тоа  мажите по оргазамот чувствуваат умор и потребен им е одмор од сексот. Кај женскиот оргазам нема толку замор, па женското самозадоволување обично се сведува на низа оргазми, од кои само еден трае подолго од просечниот машки.Жените најчесто се возбудуваат со визуализирање на минатите сексуални  искуства,  имагинарни сценарија во  кои таа замислува секс&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: