Многу жени сонуваат за полни и заводливи усни! Доколку вие сте една од нив, можете да ги добиете и без естетски хируршки зафат, само со правилно употребување на козметиката.Малите и едноставни трикови ќе направат вашите усни да изгледаат беспрекорно во само неколку потези.
1. Негувајте ги усните
Доколку сакате усните да ви изгледаат пуни, мора и да ги негувате. Привремено правете им пилинзи со четката за заби или природен пилинг со мед и кафеав шеќер. После третманот нанесете балсам за усни. Вашите усни ќе изгледаат попривлечно, свежи и полни.
2. Користете моливче
Многу девојки знаат за овој трик, но многу е важно да се направи на правилен начин. Се што треба е да земете моливче како боја на кожата или во некоја розеникава боја. Нанесете малку над вашите природни линии на усната само на тие делови кои сакате да ви изгледаат полни, но важно е да не претерувате бидејќи лесно може да се забележи вашата грешка.
3. Светли бои
Откако ќе ја нацртате вашата усна, нанесете кармин во посветла нијанса. Доколку користите потемен, вашите усни ќе изгледаат поситни отколку што ви се.
4. Користете сјаеви
После карминот, можете да додадете и сјај или пак можете да го користите само во комбинација со моливчето.. Постојат и сјаеви кои се посебно направени со намера усната да има пополн изглед.
5. Омбре
Голем хит оваа година ќе биде нанесувањето на омбре ефектот на усните. За ова ви се потребни две нијанси на кармини, една посветла и една потемна. Нанесете ја основната боја, а подоцна во средината нанесете ја посветлата.
6. Ефектот на белото моливче
Белото или светлото моливче нанесете го веднаш врз вашата горна усна и добро утапкајте го за да не се видат линиите. Така визуелно ќе ги зголемите усните. За оваа намена може да се користи и посветол коректор.
7. Користете течна пудра
Нанесете течна пудра или камена над горната усна. Ова ќе ви даде полн и заводлив изглед.
Малите и едноставни трикови ќе направат вашите усни да изгледаат беспрекорно во само неколку потези.
1. Негувајте ги усните