Нема жена која има доволен пар на чевли. Секогаш ни фали барем уште еден пар.Секоја од нас има омилени чевли кои би ги носела секогаш. Психолозите откриле дека постои врска помеѓу женскиот карактер и моделот на чевли кои ги носат.
ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ ЗА САМОУВЕРЕНИТЕ
Ако сакате високи потпетици, вие уживате да бидете во центарот на вниманието и се трудите секогаш и секаде да бидете приметени. Психолозите сметаат дека ваквите чевли ги одбираат жените кои секогаш се спремни за предизвици, кои се отворени, имаат изразена женственост или жени кои сакаат да си ја подигнат самодовербата. Ги носат необични и симмпатични личности кои бараат внимание и имаат сила да се изборат за она што го сакаат.
ПЛАТФОРМА ЗА РОМАНТИЧНИТЕ Жените кои ги сакаат чевлите на платформа се практични и романтични. Тие знаат што сакаат и знаат како да стигнат до целта. Едноставни се, самодовербата им е силна страна, но и во љубовта се многу силни. Малку се склони кон предомислување и двоумење, па многу е важно да бидат опкружени со личности на кои можат да им веруваат.
БАЛЕТАНКИ ЗА ФЛЕКСИБИЛНИТЕ Жените кои сакаат да носат балетанки, предизвикуваат заштитнички нагон кај мажите. Тие сметаат дека нив им е потребна поддршка и нежност, веројатно затоа што овие жени во душата уште се деца. Предвидливи се, а понекогаш и досадни. Склони се кон правење компромиси, љубезни се, внимателни и пријатни. Главно, овие жени се нежни и флексибилни.
СПОРТСКА ОБЛЕКА ЗА ДРУЖЕЉУБИВИТЕ Патиките и другата спортска облека обично ги одбираат активните и дружељубиви жени. Тие сакаат постојано да се во движење, а патувањата им се главна опсесија. Комуникативни се, отворени, позитивни, но понекогаш знаат да покажат и доза на конзервативност.
БАЈКЕРСКИ ЧИЗМИ ЗА ЕГОЦЕНТРИЧНИТЕ Одмерени, егоцентрични и помалку ладните девојки ги одбираат бајкерските, односно рокерските чизми. Иако се многу самостојни, умеат да бидат и прилично чувствителни. Не им се допаѓа кога луѓето се груби, бидејќи повеќе од се ги ценат меѓучовечките односи.
ЧЕВЛИ СО ВРВКИ ЗА ИТРИТЕ Чевлите инспирирани од машките модели ги сакаат жените кои знаат што сакаат и се стремат кон целта, без оглед на туѓото мислење. Тие ги кријат своите чувства, па затоа се главно делуваат како воздржани. Прецизни се, проникливи, но и склони кон депресија.
ПОЛНА ПЕТА ЗА САМОУВЕРЕНИТЕ Жените кои ги сакаат и со задоволство ги носат чевлите со широка потпетица се самоуверени, имаат цврсти ставови кои одлучно ги застапуваат и ги бранат. Доверливи се и на нив другите секогаш можат да се потпрат. Чевлите со ваква штикла се идеален компромис помеѓу женствените високи штикли и удобните ниски. Тие се стабилни и удобни, па во нив можете да го поминете целиот ден.
Извор: lady.mkНема жена која има доволен пар на чевли. Секогаш ни фали барем уште еден пар.Секоја од нас има омилени чевли кои би ги