Личност на 2012 година според магазинот Тајм

Претседателот Барака Обама е именуван за лице на годината според Тајм.

 

Уредникот Ричард Стенгел го откри изборот на списанието во шоуто ,,Денес”во среда. Тој рече дека е извонредно што претседателот освои два мандата со над 50 проценти од гласовите како демократ. Тој исто така, истакна дека Обама ја презеде функцијата во економската криза и е заслужен за создавање ново политичко ,,усогласување како што направи Роналд Реган пред 40 години”.

 

Ова е втор пат како Тајм го избира Обама. Списанието рече дека го именувало него како Лице за годината 2008 за победа против веројатноста, станувајќи првиот црн претседател на Американските држави.

 

,,За пронаоѓање и формирање ново мнозинство, за претворање на слабоста во можност и трагање, помеѓу целата несреќа, за создавање посовршена унија, Барак Обама е Лице на годината 2012 за Тајм”, Стегнел објаснува во неговата изјава оваа година.

 

Мајкл Шерер, претставник на Тајмс напиша на профилот на претседателот:

,,Надвор од овалната канцеларија, големите предизвици остануваат:разговорите за фискалниот гребен застојуваат, федералните резерви кои предвидуваат години на висока стапка на невработеност и повеќе немири во места како Атина, Каиро и Дамаск. Но, претседателот делува како да има одврзани раце и дава навестување за нова амбиција која постојано ја разработува откако пристигна во Белата куќа, наоѓајки една нација во криза”.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: