Партитурите на Бетовен продадени за повеќе од 250.000 евра

Досега необјавена партитура на Бетовен продадена е за 252.750 евра на аукција во Париз од големата колекција на францускиот банкар Андре Мејер.
Потпишаната партитура на Арнолд Шенберг е продадена за  240.750 евра, што е рекорд за австриски композитор кој починал  1951 година. На оваа аукција достигнат е уште еден рекорд-228.750 евра за првото издание на шест партитури за клавир на Бах.
Исто така Бетовеновите вежби и нацрти, за кој се очекувало дека ќе бидат продадени за 100.000 до 150.000 долари, ги купил колекционерот Алојз Фуш на аукција после смртта на Бетовен 1827 година а потоа им ги подарил на полскиот композитор  Фредерик Шопен.

Пронајдете не на следниве мрежи: