Во изјавата на Зоран Марјановиќ, стои дека тој на полицијата ѝ рекол дека видел човек со стап додека Јелена трчала.„Слушнав дека полицијата наводно бара човек со стап, но јас не излегов на препознавање. Само реков дека видов човек со стап на денот кога Јелена е убиена“ – изјавил тогаш Зоран.
Меѓутоа, тој човек во полицијата раскажал друга приказна, односно дека Зоран го видел дури кога почнал да ја бара исчезнатата сопруга.
Полицијата ги земала снимките од сигурносните камери од продавниците во населбата Црвенка.
На снимките од саботата која Јелена исчезнала се гледа автомобилот на семејството Маријановиќ.
Снимките се однесени на понатамошно испитување, за да се утврди точното време во кое се појавиле.
Ќе се испита и кој уште поминувал во Црвенка, со надеж дека ќе се пронајде доказ кој би можел да го разреши случајот кој ја потресе цела Србија.
Исто така, полицијата се сомнева дека во убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е вмешана и една жена, чиј идентитет засега не се открива.„Слушнав дека полицијата наводно бара човек со стап, но јас не излегов на препознавање. Само реков дека видов човек со стап на денот кога Јел


