ПОСЛЕДНИОТ ПОВИК на Јелена кон мајка и, води до УБИЕЦОТ. Полицијата трага по КЛУЧНИОТ ДОКАЗ

Инспекторите од третото одделение на криминалистичка полиција во Белград утврдуваат дали навистина од таа локација Јелена го направила последниот повик кон нејзината мајка или во тоа време била, евентуално киднапирана и однесена на местото каде подоцна ѕверски е убиена.Инспекторите од третото одделение на криминалистичка полиција во Белград вчера повторно отишле на насипот во населбата Црвенка, каде е фрлена убиената пејачка на „Гранд“, Јелена Марјановиќ.
Како што пренесува „Ало!“ инспекторите утврдуваат дали навистина од таа локација Јелена го направила последниот повик кон нејзината мајка или во тоа време била, евентуално киднапирана и однесена на местото каде подоцна ѕверски е убиена.
ЌЕ ВИ СЕ ЗАЛЕДИ КРВТА: Убиецот на Јелена оставил порака – Прочитајте ТУКА
– Познато е дека мајката на Јелена, Зорица Крсмановиќ последен пат се слушнала со својата ќерка пред трагичното случување. Јелена и се јавила на телефон и и рекла дека ќе оди да истрча уште еден круг и дека после тоа планира да дојде кај неа. Важно е истрагата да утврди  што точно рекла Јелена во тој последен разговор. Дали на мајка и и рекла „Одам да трчам“ или „На насипот сум, одам да истрчам уште еден круг“. Доколку кажала дека е на насипот, на основа на тој податок би можело да се утврди времето кога била нападната и однесена на друга локација каде подоцна најверојатно е и убиена – објаснува извор упатен во истрагата.

Според неговите зборови, убиецот сам ја ликвидирал Јелена и тоа за рекордно кратко време, додека перфектното отстранување на трагите му барало повеќе време и за тоа, најверојатно, имал еден или повеќе помагачи.
– На убиецот му требале најмногу десет минути за 30 силни удари со кои на Јелена сосема и ја смачкал главата. За злосторство од страст карактеристично е што голем број на удари се задаваат за многу кратко време. Многу мала е веројатноста дека крвникот, за време на убиството имал помагач, бидејќи би било сосем неверојатно некој без да се помести само  да гледа како другиот ја ликвидира. Се претпоставува дека убиецот имал помагач во другиот дел од злосторството, кога телото требало да се пренесе на друга локација и да се отстранат сите траги. За беспрекорно чистење на местото на злосторството доволни се неколку часа, од прилика два до три часа – наведува соговорникот. Инспекторите од третото одделение на криминалистичка полиција во Белград вчера повторно отишле на насипот во населбата Црвенка, каде е фрлена убиен

Пронајдете не на следниве мрежи: