Полицијата од самиот почеток на истрагата имаше индиции дека некој од најблиското окружување брутално ја убил Јелена Крсмановиќ Марјановиќ или дека на некој начин е вмешан во убиството, пренесе српски Курир.Врз основа на досегашната истрага, полицијата е скоро сигурна дека најмалку тројца членови од семејството на Јелена се вмешани во нејзиното убиство, додека за еден член и понатаму се вештачат движењето и контактите во саботата на 2. април, кога пејачката е убиена.
Извор од истрагата открива дека полицијата уште од самиот почеток имала индиции дека некој од окружувањето на Јелена на одреден начин е вмешан во убиството.
„Оној, којшто го направил ова, сѐ добро го има испланирано и одлично го познаваше нејзиното движење тој ден. Мотивот сѐ уште го истражуваме, но дефинитивно е во прашање огромна страст, омраза, бес, невозвратени чувства…“Врз основа на досегашната истрага, полицијата е скоро сигурна дека најмалку тројца членови од семејството на Јелена се вмешани во нејзиното убиство



