Откако повторно се појави информација дека Јелена Марјановиќ ја убил нејзиниот сопруг, новинарите на српски Телеграф го повикале Зоран Марјановиќ за да го прашаат како ги коментира шпекулирањата дека тој е главниот осомничен за убиството на сопругата.Изненадувачки смирен, тој им рекол дека се подготвува заедно со уште некои луѓе да оди да ја види ќеркичката Јана и додал дека нема никаква врска со убиството.
„Немам ништо со тоа. Таман работа“ – изјавил Зоран.
На прашањето дали го исклучил мобилниот телефон непосредно пред убиството, тој одговорил дека тоа не е точно и дека телефонот му бил вклучен цело време.
Откако новинарите му пренеле дека неофицијално е позната информацијата дека ниту еднаш не поминал на полиграф од двата обиди, Зоран возвратил:
„Ве молам не ме прашувајте за тоа. Контактирајте ја полицијата. Немојте повеќе да ме вознемирувате.“ Изненадувачки смирен, тој им рекол дека се подготвува заедно со уште некои луѓе да оди да ја види ќеркичката Јана и додал дека нема никаква врска с



