Полицијата ја испита старицата Рада Б. од Црвенка, која секој ден чува кози на насипот кадешто Јелена последен пат била со сопругот и ќеркичката пред да биде брутално убиена.„Околу пет часот попладне ги однесов козите на пасење и не забележав ништо сомнително и необично“ – се присетила старицата.
„Видов една русокоса жена и со неа на ливадата уште три момчиња како играат фудбал. Се сеќавам дека забележав и еден маж со девојче. Детето си играше на ливадата, береше цвеќиња, а кога ги виде козите се стрча кон нив. И тоа е тоа. Воопшто не забележав жена да трча на насипот“ – вели таа.
Баба Рада тврди дека тогаш не знаела кој е мажот со детето. За немилиот настан и за тоа кој е жртвата, дознала подоцна од медиумите.
„На полицијата ѝ реков дека не можам да го препознам човекот којшто беше на ливадата со девојчето. Едноставно, не обрнував претерано внимание на него и неговиот изглед. Поради тоа и не можам со сигурност да кажам дека тоа беше сопругот на пејачката“ – вели баба Рада.„Околу пет часот попладне ги однесов козите на пасење и не забележав ништо сомнително и необично“ – се присетила старицата.



