– Најпрво помина еден човек со стап кој го прашав дали видел девојка како трча, на што ми кажа дека не видел. Потоа помина друг човек на велосипед, но ни тој не ја видел – вели Зоран.Сопругот на убиената пејачка Јелена Маријановиќ, Зоран, свесен е за се што се случува околу него, па дури и за тоа дека многумина мислат дека токму тој и пресудил на неговата сопруга, меѓутоа како што вели, тоа се небулози бидејќи тој со неа имал неверојатна љубов, а сега спие со сликата на Јелена во прегратка.
– Боли, многу ме боли што така се зборува. Секогаш се прашуваме зошто им се случуваат лоши работи на добри луѓе, а добри на лошите. Спијам со нејзината слика и таа е со мене овде. Многу бевме поврзани, па дури и на сон, ако почувствува дека сум на другата страна од креветот, таа се врти и ќе се завитка околу мене – вели Зоран низ солзи.
Тој кобен ден Јелена требало во студио да сними нова песна, за која постои демо снимка, а кога ќе дојде време Зоран ќе ја пушти да се слушне. Сепак тажната судбина сето тоа го прекина.
– Последниот ден ни беше преубав. Отидовме да трча, беше пресреќна. Кога отиде останав со детето и повеќе не се слушнавме. Со ќерката тргнавме полека кон Јелена, а подзастанувавме за Јана да бере цвеќиња. Одвреме на време гледав каде е Јелена, а кога забележав дека нејзината силуета ја нема, се загрижив – раскажува Зоран и продолжува:…
– Најпрво помина еден човек со стап кој го прашав дали видел девојка како трча, на што ми кажа дека не видел. Потоа помина друг човек на велосипед, но ни тој не ја видел. Тогаш почна агонијата и паниката. Потрчав со Јана да ја барам, ја барав 4-5 пати на телефон, но не се јавуваше. Ја немаше никаде. Зоран не повикал веднаш полиција, но му се јавил на пријател кој работи во полицијата.
– После сепак отидов во полиција. Веднаш и реков на кумата да се јави во сите болници, а полицијата ја замолив да го лоцираат телефонот на Јелена. Но ми кажаа дека тоа оди поинаку, па додава:
– Оној кој ја убил Јелена не е човек. ТОј е монструм. Ако е некој кој не познавал, и знае за детето, за мене тој тоа што го направил е ѕвер. Во нашето окружување таков ѕвер нема. Многумина и се додворуваа, но неа тоа не ја интересираше, бидејќи беше патријахално воспитана.
Зоран сега има само една желба.
– Само би сакал на минута да му погледнам во лице и да видам како изгледа тоа нешто што на ваква жена можел да и го направи. Немам зборови – порача сопругот на Јелена и истакна дека кон него во полиција се однесувале коректно.
Првата средба со ќерката била страшна. Првата ноќ не сакал да ја види бидејќи не бил избричен и целиот никаков, не сакал Јана на него да види нешто што би ја повредило, во нејзината глава да нема нешто страшно, па се средил и отишол утредента.
– Се прегрнавме, а кога ме виде рече: – Вие сте? – Мислејќи на мене и на мајка и. Тивко ме праша: „Ја најдоа ли мајка ми“, Таа ќе биде кај нас, а и мајка и на Јелена ќе се пресели кај нас. Сакам сите да сме заедно, вели Зоран. Сопругот на убиената пејачка Јелена Маријановиќ, Зоран, свесен е за се што се случува околу него, па дури и за тоа дека многумина мислат дека токму



