Зоран Михајловиќ, сопругот на ѕверски убиената пејачка Јелена Крсмановиќ, проговорил во јавноста на денот на погребот на неговата сопруга и со треперлив глас раскажал…„Кога ќе го вратам времето и кога ќе се потсетам на се, само гледам колку љубовта и среќата биле силни и големи. Толку што, како што велат, тоа не може вечно да трае. Многу ми е тешко без неа. Не се одвојувавме. Секогаш правевме заедно се, секогаш одевме заедно. Се грижев за неа како за мало дете. Таа беше ангел, најпрекрасна личност. Мојот Урош го прифати како свое дете, тој беше нејзино дете. Сите знаат колку се сакавме“, вели Зоран.
На погребот Јелена ја испратија две во болка соединети семејства, кои заедно тагувале, многубројните роднини, пријателите, соседите, луѓето кои ја сакале нејзината песна.
Зоран молчел и трпел се додека ковчегот не почнал да се спушта, а тогаш и сам паднал и крикнал: „Пуштете ме да одам со неа“!„Кога ќе го вратам времето и кога ќе се потсетам на се, само гледам колку љубовта и среќата биле силни и големи. Толку што, како



