Полициските инспектори што се занимаваат со истражување на случајот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ – Крмановиќ денеска по претресот на една куќа во Црвенка однеле едно момче на испитување.Како што јавува „Блиц.рс“, момчето со иницијали И.Р. е одведено во станица за да биде сослушано во врска со убиството на пејчаката.
Момчето засега се испитува како граѓанин и не е осомничено.
Кумата на починатата пејачка, за новинарите изјави дека веднаш реагирале по смртта на Јелена. Оваа нејзина изјава се јави како последица од многубројните шпекулирања дека Зоран Марјановиќ можеби е договорен за убиството.
– Не можеме да веруваме дека ова се случува. Некои велат дека не сме повикале веднаш полиција, но повикавме. Јас лично ја повикав полицијата. Зоран со слика од Јелена отиде во станица. Се јавивме на сите места, роднини, пријатели, установи, каде сметавме дека ќе добиеме помош и за кои сметавме дека можат нешто да направат, вели кумата Вера низ солзи.
Откако Зоран беше ослобедн од обвиненијата, момчето И. Р. се јавува како конкретно лица зе испрашување, што остава доволно простор за понатамошен и нов развој во потрагата по убиецот.
ДНК анализите покажуваат дека крвта е на самата пејачка и не се пронајдени траги од монструмот, со што таа крв е неупотреблива. Сега, полицијата прави додатни анализи за жртвата, за да се открие кој е монструмот кој шета на слобода.Како што јавува „Блиц.рс“, момчето со иницијали И.Р. е одведено во станица за да биде сослушано во врска со убиството на пејчаката.



