Од Вишото обвинителство во Србија, изјавија за српските медиуми дека немало законски основи за приведување на Зоран Марјановиќ.„Полициското задржување во рок од 48 часа истече по силата на законот, па Марјановиќ беше пуштен на слобода“ – стоеше во изјавата.
И понатаму се прават ДНК анализи и останати проверки.
Сопругот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ синоќа беше пуштен на слобода по истекот на полицискиот притвор и против него не е поднесена пријава. Синоќа по 20 часот тој пристигна во својот дом. По доаѓањето дома ја гушнал неговата роднина и низ солзи замолил да влезат внатре.
Не бил расположен за било каков разговор со медиумите и само ги избркал.
По влегувањето во куќата ја барал ќеркичката Јана, а потоа ја затворил вратата по што се слушнал плач.„Полициското задржување во рок од 48 часа истече по силата на законот, па Марјановиќ беше пуштен на слобода“ – стоеше во изјавата



