Полициските инспектори се појавија денес во друштво на Владимир Марјановиќ, свекорот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, пред нивниот семеен дом.Тие, во придружба на таткото на Зоран, влегле во куќата и по кратко задржување од неа изнеле лак и стрела, како и кутија слична на онаа која се користи за пакување на музички инструменти, но нејзината содржина засега е непозната.
Инспекторите набрзо ја напуштиле локацијата.
Инаку, сопругот на убиената пејачка и понатаму се наоѓа во полициска станица, а неговиот 48-часовен притвор би требало да истече вечерва.



